IT секторот нуди најперспективни и најплатени кариери со сигурна иднина, бидејќи способноста да се напишат компјутерски програми е несомнено една од најдобрите вештини што може да ја видиш во денешниот свет.
Владеат стереотипи дека не секој може да биде програмер, но со помош на нашата супер-интензивна програма ќе се стекнеш со технички вештини и секој следен предизвик нема да ти претставува проблем.
Без разлика на твоето образование или работно место, програмирањето не е веќе ненадминлива пречка бидејќи со Академијата за програмирање, со 40 неделната програма ќе бидеш спремен/на за почеток на твојата нова кариера. Дополнително ќе добиеш бесплатна двомесечна претпрограма за побрзо и полесно да стигнеш до посакуваната цел.
На Академијата за Програмирање ќе научиш повеќе од еден програмски јазик и ќе работиш на 3 реални апликации кои што ќе те подготват за твојата прва работна позиција како Full Stack или Front-end програмер.
Можеби претпоставуваш што те очекува низ целата академија, но не можеш ни да претпоставиш што те очекува во една работна недела на академијата:
- 2 предавања
- 1 вежби
- 1 менторска сесија
- Неделен предизвик
- Тимска работа
Нашите програми се базираат на последните вештини и технологии кои се применуваат во IT компаниите.
Талентите од Академијата се вработија во компании како DoxTeam, Bright, Steets… и се доказ дека програмирањето веќе не е недостижна професија.
Ние ќе го следиме твојот напредок заедно со нашите Learning Partners и инструктори, и ќе се посветиме да ги поврземе и задоволиме двете страни.