fbpx

АКАДЕМИЈА ЗА
ПРОГРАМИРАЊЕ

FULL STACK FRONT-END

Биди дел од супер-интензивна 40 неделна програма на Академијата за Програмирање и од почетник стани програмер со работа на 3 реални апликации

Зошто да учиш во Brainster?

Учи под директно менторство на експерти од областа

Нашиот тим од програмери, експерти има долгогодишно искуство од работење во областа. Менторскиот пристап и посветеноста ќе ти донесат незаменлив увид во предизвиците кои ги носи професијата.

Учи по програма подготвена од професионалци

Супер-интензивна програма изградена од нашиот тим на професионалци, базирана на последните вештини и технологии кои се применуваат во IT компаниите.

Изгради портфолио со работа на 3 реални апликации

Стекни програмерски вештини со работа на реални апликации. Изгради портфолио од реални проекти кои ќе ги работиш во тим и сам, под менторство на инструкторите и партнерските компании.


4

ПАТИ ВО НЕДЕЛАТА


40

НЕДЕЛНА ПРОГРАМА


20

ПРЕДИЗВИЦИ


3

РЕАЛНИ АПЛИКАЦИИ

Како да станеш програмер?

IT секторот нуди најперспективни и најплатени кариери со сигурна иднина, бидејќи способноста да се напишат компјутерски  програми  е несомнено една од најдобрите вештини што може да ја видиш во денешниот свет.

Владеат стереотипи дека не секој може да биде програмер, но со помош на нашата супер-интензивна програма ќе се стекнеш со технички вештини и секој следен предизвик нема да ти претставува проблем.

Без разлика на твоето образование или работно место, програмирањето не е веќе ненадминлива пречка бидејќи со Академијата за програмирање, со 40 неделната програма ќе бидеш спремен/на за почеток на твојата нова кариера. Дополнително ќе добиеш бесплатна двомесечна претпрограма за побрзо и полесно да стигнеш до посакуваната цел.

На Академијата за Програмирање ќе научиш повеќе од еден програмски јазик и ќе работиш на 3 реални апликации кои што ќе те подготват за твојата прва работна позиција како Full Stack или Front-end програмер.

Можеби претпоставуваш што те очекува низ целата академија, но не можеш ни да претпоставиш што те очекува во една работна недела на академијата:

  • 2 предавања
  • 1 вежби 
  • 1 менторска сесија
  • Неделен предизвик
  • Тимска работа

Нашите програми се базираат на последните вештини и технологии кои се применуваат во IT компаниите.

Талентите од Академијата се вработија во компании како DoxTeam, Bright, Steets… и се доказ дека програмирањето веќе не е недостижна професија.

Ние ќе го следиме твојот напредок заедно со нашите Learning Partners и инструктори, и ќе се посветиме да ги поврземе и задоволиме двете страни.

Се двоумиш помеѓу frontend и fullstack насока?

Погледни го ова едночасовно бесплатно предавање со Ивица, нашиот CTO кој воедно е и инструктор на академијата, и добиј одговор на сите прашања поврзани со frontend и backend технологиите, различностите во секојдневната работа и потенцијалот за градење на кариера како програмер

Изработка на реални проекти

Апликација за клиент Colony

HR Tools е проект изработен од наши студенти за клиентот Colony. Досега има илјадници корисници во повеќе од 27 држави. Целта беше студентите да научат да градат респонзивна веб страна, со форми за регистрација, администраторски панел и филтри. 

Прво наградена апликација за глувонеми лица

Апликација изработена од наши студенти за која компанијата ја доби националната награда за општествено одговорна компанија за 2019 година. Преку 1.000 кoрисници.

Квиз за кариера и тип на личност

Идејата за изработка на овaa алатка за утврдување на тип на личност и афинитет кон дигиталните вештини е да помогнеме при изборот на образование и кариера. Ова е бесплатна алатка за кариерно насочување. Целта беше студентите да научат да градат респонзивна веб страна.

Инструктори

Дознај повеќе за академиите

За кого е оваа Академија?

  • За почетници со малку и без искуство во програмирање
  • За оние кои сакаат да ја променат својата кариера
  • За оние кои сакаат да научат програмирање, но не знаат од каде да почнат
  • За оние кои сакаат предизвици и имаат желба постојано да се надградуваат
  • За амбициозни претприемачи кои сакаат да ги постават темелите на својот бизнис

Нашите студенти без претходно искуство од програмирање се вработија во компании како DoxTeam, Bright, Steets… и ја исполнија нивната цел да станат програмери. 

Front End
Март 2021

0 слободни места
2100
  • На 20 месечни рати без камата
Full online

Full Stack
Март 2021

0 слободни места
2100
  • На 20 месечни рати без камата
Full online

Full Stack
Јуни 2021

уште 7 слободни места
2100
  • На 20 месечни рати без камата
Full online

Front End
Септември 2021

уште 20 слободни места
2100
  • На 20 месечни рати без камата
Full online


Начин на аплицирање

1

Пополни ја апликацијата со твоите податоци

2

Ќе договориме информативна средба што ќе ја направиме онлајн

3

Почни да учиш за кариера
од соништата

Следната група на Академијата ќе започне наскоро, а часовите ќе се одржуваат четири пати неделно, во работни денови, од 17:00 и 19:30, со времетраење од 2 часа.

Групата ќе биде составена од 25 учесници, а селекцијата на кандидати е во тек.

Во последниот месец преку Brainster се вработија 34 студенти, еве што кажаа некои од нив:

Дамјан Дичоски

Без претходно искуство од програмирање. По завршувањето на академијата се вработи како програмер во DoxTeam.

Благица Стојановска

Без претходно искуство од програмирање. По завршувањето на академијата се вработи како програмер во Steets

Алек Јаневски

Без претходно искуство од програмирање. По завршувањето на академијата се вработи како програмер во Bright Box

Елизабета Спировска

Без претходно искуство од програмирање. По завршувањето на академијата се вработи како програмер во Melon Technologies


400+

Обуки


8000+

Студенти


85%

Вработување


100+

Партнери за вработување

Што има ново во Brainster?

Нови практиканти во Brainster

3 месечна пракса, одличен jump-start за нивните кариери како tech professionals.

Brainster се шири во Виена

Brainster стана глобална компанија со лансирање на платформата во Виена. Секоја програма претставува life-changing experience.

Brainster доби засилување!

"Вода стои, Brainster не" како што би кажал Ивица Пешовски, новото засилување во нашиот тим.

Бројот на студенти е ограничен поради формирање на оптимални групи за работа кои ќе овозможат најтемелно учење.

 

 6 делумни стипендии за најдобрите кандидати и Можност за финансирање преку opportunity FUND

ЦЕНА НА АКАДЕМИЈАТА – 2100 EUR на 20 месечни рати
без камата

За повеќе информации околу Академијата и можностите за финансирање, јавете се на тел: 071 320 101

Често поставувани прашања:

Пазарот на труд за програмерите продолжи да напредува и во 2020 година. Пред пандемијата COVID-19, стапката на невработеност во ИТ-индустријата беше на 2%. Како последица на пандемијата, за разлика од скоро сите други индустрии, стапката на невработеност порасна за само 2,2%. Со оглед на критичната улога што ја имаат програмерите и другите ИТ специјалисти за да им помогнат на компаниите да усвојат дигитална трансформација, побарувачката за нови вработени во ИТ остана релативно голема. Можеме да очекуваме од компаниите да продолжат да ангажираат програмери за работа на нови и иновативни технологии и дигитални алатки и да овозможат соодветни услови за работа, особено имаќи го предвид фактот дека програмирањето е совршена професија за remote работа.

На овие Академии се запишуваат студенти со најразличен background!
Заедничко кај сите нив е голема амбиција, желба за влез во IT светот и стекнување на skill set кој се бара на пазарот. Често имаме студенти кои прават целосна промена на кариера, па доаѓаат од економски, правни или медицински науки, филолози, музичари, но имаме и студенти од техничките факултети кои сакаат да ги збогатат своите знаења и унапредат вештините за работа.

Еве само некои од придобивките што можат да ги очекуваат нашите студенти во Brainster:

  • Стручни инструкции за вештините што ви се потребни за успешно започнување на кариера во web development.
  • Интензивна бесплатна предпрограма со која ќе ги разберете осовните концепти и терминологијата во светот на програмирањето и ќе се подготвите за првиот час.
  • Профил на дигиталната платформа за учење на Brainster и пакет алатки и бонус материјли, проверени и препорачани од експерти
  • Работа на реални проекти, за реални клиенти, кои ќе може да ги додадете во вашето професионално портфолио за прикажување нови вештини на потенцијалните работодавци и соработници.
  • Индивидуален фидбек од инструктори. Останете мотивирани и искористете го максимално ова искуство со помош на нашиот посветен Brainster тим.
  • Кариерна работилница која ќе ви помогне да креирате професионално резиме, да се снајдете во процесот на барање работа, од технички предизвици, до преговори за плата и повеќе.
  • Подготовка за интервју. Demo Day за презентирање на вашите проекти пред претставници на компаниите кои имаат потреба од вработување на full stack програмери.
  • Конекции со професионална мрежа на инструктори и врсници што траат и после завршувањето на Академијата. Brainster може да ви помогне да се снајдете и да успеете во оваа област.

Да! По презентацијата на завршниот проект, ќе добиете потпишан сертификат за успешно комплетирање на Академијата за Full Stack програмирање и Академијата за Front-end програмирање на Brainster. Илјадници алумни во Brainster го користат својот сертификат за да демонстрираат вештини на потенцијалните работодавци – вклучувајќи ги и нашите партнери за вработување. Академијата за Full Stack програмирање и Академијата за Front-end програмирање на Brainster се прифатени, признаени и добро ценети од многу врвни работодавци, кои придонесуваат за нашата наставна програма и соработуваат со нас за да ги обучуваат своите сегашни или идни практиканти и вработени.

Услови за добивање сертификат:

  • Присуство на најмалку 85% од активностите во рамки на програмата (предавања, работилници, менторски сесии)
  • Сите предизвици и проекти да бидат изработени на време
  • Презентација на завршен проект.

Со пополнување на формуларот за апликација, влегуваш во нашата база на апликанти со останатите потенцијални студенти. Во рок од 24 часа, очекувај повик од координаторот на Академијата за да договорите датум и време за online средба со неа. 

По средбата или интервјуто координаторот има состанок со тимот од Академијата и ги претставува кандидатите кои аплицираат т.е. нивната позадина, слободно време за академијата, желба за посветеност, кариерни аспирации, mindset и причини зошто се одлучиле за дигитален маркетинг. Ова го правиме со цел да ги препознаеме студентите кои се „doers“ што ќе го прифаќаат нашиот „no-bullshit approach”. Убедени сме дека луѓето со љубопитен ум и широко познавање од многу области се најдобрите кандидати за оваа Академија.

Освен желба за учење и работа, предзнање не е неопходно. Со многу помош од страна на тимот на инструктори и труд и посветеност од страна на студентот, успехот е неминовен.

Како дел од активностите на Академијата е и Learning&Hiring програмата, што значи соработка со компании кои често нудат и можност за вработување. Нашиот Hiring Тим ќе се потруди да те поврзе со нашите партнери и да ја најдеме твојата идеална работа.


За нас:

Brainster e компанија за едукација која комбинира податоци, врвен наставен план, експертиза и ефективна стратегија за учење вештини како Data Science, програмирање, маркетинг, дизајн, Software Testing и WordPress.

Нови практиканти
во Brainster

9 студенти, под менторство на Ивица Пешовски и Дијана Димитриевска започнаа со работа на 2 реалени проекти, кои ќе имаат социјална компонента и ќе помогнат на илјадници луѓе. Целта на праксата е да научат практични вештини но и студентите да ја почуствуваат моќта која ја имаат како програмери и дизајнери да менуваат животи на луѓе. 

Brainster се шири
во Виена

Лансирањето на Brainster во Виена означува огромно достигнување за растот на нашиот екосистем и е почеток на нашите планови за проширување во 2020. Ние ќе продолжиме да инвестираме во знаење, таленти, нови кариери, инструктори, програми со цел да ги поддржиме сите таленти.

Brainster доби
засилување!

Ивица Пешовски е новото засилување во нашиот тим. Магистер по софтверско инженерство со повеќе од 7 години активна работа. CTO во Brainster и инструктор на Академијата за програмирање.