fbpx

Академија за Full Stack програмирањe

Број на слободни места: 7

Преглед

Целта на Академијата за Full Stack Програмирање е да ги трансформира учесниците во професионални, full-stack Web програмери. Преку супер-интензивна 40 неделна програма + 8 недели довршување на финалниот реален проект, симулација на вистинска работа и изработка на 3 реални Web апликации, се навлегува длабоко во програмерската логика, од програмскиот јазик па сѐ до бизнис стратегијата на апликацијата. На крајот од Академијата учесниците ќе имаат изработено од почеток, 3 комплетно функционални Web страни на кои ќе се гордеат и ќе ги лансираат како готови Web решенија.
По завршувањето на Академијата започни нова кариера како програмер, вработи се во некоја од нашите партнерски компании или започни твој бизнис.

За кого е наменета?

За оние кои сакаат промена во кариерата

Не си задоволен од она што го работиш, од секогаш си сакал/a да бидеш Front End програмер но не знаеш од каде да почнеш? Никогаш не е доцна за да започнеш нова и успешна кариера.

Почетници

Не е потребно големо претходно искуство. Од нашите учесници бараме љубопитност, посветеност и решителност за постојано учење. Ако сакаш да научиш да дизајнираш Web апликации од почеток, оваа програма е за тебе.

За амбициозни претприемачи

Имаш бизнис идеја, се обидуваш да креираш твој производ и Web апликацијата е неизбежен дел? Научи да програмираш и постави ги темелите за твојот нов бизнис.

Професионален развој

Работиш со Front End програмери и сакаш да го разбереш нивниот јазик? Оваа академија ќе ти овозможи унапредување и развој на твојот бизнис.

Што ќе научиш?

Web-развој

Што значи целиот код и како се пренесуваат дизајнот и функциoналностите на уредот.

Javascript, jQuery & AJAX

Како да манипулираш со елементите на Web страната, како и со податоците што ќе ги содржи твојата база на податоци.

Git

Како да работиш во тим кој што е задолжен за еден ист проект, притоа секој да го има истиот код.

SQL

Како правилно да ги организираш и да раководиш со податоците кои што ќе ги содржи Web страна.

HTML & CSS

Како да ја изградиш и да го добиеш посакуваниот изглед и динамики на Web страната.

PHP

Како да пишуваш скрипти кои ќе ти момогнат за градење на динамички страни, односно како да ги поврзеш изгледот на страната со податоците од базата кои се потребни.

HTTP

Како комуницираат опслужувачот и клиентот, и како функционира принципот на барање одговор.

Laravel

Како да градиш Web апликации користејќи ја MVC (model-view-controller) архитектурата.

Стани Full Stack developer

Научи од експерти

Добиј менторство и инструкции од професионални програмери. Биди еден од оние 4000+ луѓе кои поминале низ нашите програми.

Работи на реални апликации

Учи да програмираш додека градиш вистински Web апликации. Навлези длабоко во програмерската логика преку симулирање на реална работа.

Вработи се

Добиј менторство и инструкции од професионални програмери. Биди еден од оние 4000+ луѓе кои поминале низ нашите програми.

Програма

1. Дефинирање на целите
2. Историја на програмирање и објаснување на технологиите кои ќе се користат

1. Инсталирање на Sublime
2. Работење во тимови (Git versioning)
3. Запознавање со концептите и технологиите (OOP, PHP, Laravel)
4. Инсталирање на LAMP (Linux, Apache, MySQL, PHP)

1. Basic command line commands
2. Creating a new project with Git
3. Cloning, branches, merging
4. GitLab

1. Intro – Explaining what HTML is all about ?
2. Most used HTML tags
3. Meta tags
4. Tables
5. Lists
6. Forms
7. HTML Best Practices

1. Intro – Why do you use CSS?
2. Text properties
3. CSS Units
4. Box Model
5. Background-properties
6. Positioning, float
7. Media queries
8. CSS Best Practices

1. Intro – Why do you use Bootstrap?
2. Grid (Rows, Columns, FlexBox)
3. Basics (Typography, Text-alignment, Floats, Breakpoints)
4. CSS Components (Buttons, List groups, Forms, Input groups, Tables, Pagination)
5. JavaScript Widgets (Carousel, Tooltip, Collapse, Popovers, Modals)
6. Bootstrap Best Practices

1. Intro – Why do you use MySQL?
2. SQL commands
3. MySQL queries
4. CRUD operations
5. ER Diagram

1. Introduction to algorithms
2. Basic algorithms in PHP
3. OOP and PHP
4. HTTP/S
5. PHP and MySQL
6. Common web concepts (Cookies, Sessions)
7. Web Security
8. Adding authentication to your PHP Web application

1. More OOP and PHP
2. Design Patterns
3. MVC
4. Frameworks (Laravel)

1. Време за правење на проектот: 2 недели

1. The Laravel ecosystem
2. Composer and Artisan
3. The main concepts behind Laravel
4. Eloquent

1. Design patterns in Laravel
2. Models
3. Commands
4. Repositories
5. Events

1. Practical examples and best practices
2. REST / CRUD
3. Controllers
4. Routing
5. Middlewares
6. APIs

1. Време за правење на проектот: 4 недели1. Practical examples and best practices

1. Error handling
2. Views – Blade
3. Connecting the dots
4. Workshops: Convert your pure PHP into Laravel web application

1. Intro – The power of JavaScript, and why should you use it ?
2. Syntax, variables
3. Conditions
4. Loops
5. Functions
6. JavaScript Best Practices

1. Intro – Why should you use jQuery?
2. Syntax
3. Selectors (Basic selectors, Content filters, Child filters)
4. Attributes/CSS (Attributes, Data, Offset, Width/Height)
5. Manipulation (DOM Insertion, Removal, Replacement)
6. Traversing (Filtering, Tree Traversal)
7. Events (Browser Events, Form Events, Mouse Events, Keyboard Events)
8. Effects (Basic, Custom, Sliding, Fading)
9. jQuery Best Practices

1. Intro – Why should you use AJAX and how AJAX works?
2. XMLHttpRequest Object
3. Sending request to a server
4. Getting response from server
5. AJAX Best Practices

1. Време за правење на проектот: 8 недели

1. Weekly goals and challenges
2. Q&A sessions with mentors
3. Workshops


Начин на аплицирање

1

Пополни ја апликацијата со твоите податоци

2

Ќе договориме информативна средба што ќе ја направиме онлајн

3

Почни да учиш за кариера од соништата

Следната група на Академијата ќе започне со подготвителна програма наскоро. Часовите во рамки на програмата која започнува во јуни ќе се одржуваат четири пати неделно,  со времетраење од 2 часа. 

Групата ќе биде составена од 25 учесници, а селекцијата на кандидати е во тек.

Октомври
2020

0 слободни места
2100
  • На 20 месечни рати без камата
Full online

Март
2021

0 слободни места
2100
  • На 20 месечни рати без камата
Full online

Јуни
2021

уште 7 слободни места
2100
  • На 20 месечни рати без камата
Full online

 

 6 делумни стипендии за најдобрите кандидати и Можност за финансирање преку opportunity FUND

ЦЕНА НА АКАДЕМИЈАТА – 2.100 EUR на 20 месечни рати без камата 

За повеќе информации околу Академијата и можностите за финансирање, јавете се на тел: 071 320 101

 

Често поставувани прашања:

Пазарот на труд за програмерите продолжи да напредува и во 2020 година. Пред пандемијата COVID-19, стапката на невработеност во ИТ-индустријата беше на 2%. Како последица на пандемијата, за разлика од скоро сите други индустрии, стапката на невработеност порасна за само 2,2%. Со оглед на критичната улога што ја имаат програмерите и другите ИТ специјалисти за да им помогнат на компаниите да усвојат дигитална трансформација, побарувачката за нови вработени во ИТ остана релативно голема. Можеме да очекуваме од компаниите да продолжат да ангажираат програмери за работа на нови и иновативни технологии и дигитални алатки и да овозможат соодветни услови за работа, особено имајќи го предвид фактот дека програмирањето е совршена професија за remote работа.

На оваа Академија се запишуваат студенти со најразличен background!
Заедничко кај сите нив е голема амбиција, желба за влез во IT светот и стекнување на skill set кој се бара на пазарот. Често имаме студенти кои прават целосна промена на кариера, па доаѓаат од економски, правни или медицински науки, филолози, музичари, но имаме и студенти од техничките факултети кои сакаат да ги збогатат своите знаења и унапредат вештините за работа.

Еве само некои од придобивките што можат да ги очекуваат нашите студенти во Brainster:

  • Стручни инструкции за вештините што ви се потребни за успешно започнување на кариера во web development.
  • Интензивна бесплатна предпрограма со која ќе ги разберете основните концепти и терминологијата во светот на програмирањето и ќе се подготвите за првиот час.
  • Профил на дигиталната платформа за учење на Brainster и пакет алатки и бонус материјли, проверени и препорачани од експерти
  • Работа на реални проекти, за реални клиенти, кои ќе може да ги додадете во вашето професионално портфолио за прикажување нови вештини на потенцијалните работодавци и соработници.
  • Индивидуален фидбек од инструктори. Останете мотивирани и искористете го максимално ова искуство со помош на нашиот посветен Brainster тим.
  • Кариерна работилница која ќе ви помогне да креирате професионално резиме, да се снајдете во процесот на барање работа, од технички предизвици, до преговори за плата и повеќе.
  • Подготовка за интервју. Demo Day за презентирање на вашите проекти пред претставници на компаниите кои имаат потреба од вработување на full stack програмери.
  • Конекции со професионална мрежа на инструктори и врсници што траат и после завршувањето на Академијата. Brainster може да ви помогне да се снајдете и да успеете во оваа област.

Студентите на оваа Академија учат технологии кои се помеѓу најчесто користените во IT светот, воедно и неопходни за работа како full stack програмери Се започнува со HTML, CSS и Bootstrap 4. Се совладува GIT за непречена работа понатаму, па се преминува на изучување на Бази на податоци. По овој модул следува најпредизвикувачкиот дел од програмата – модулот PHP. Покрај совладување структурно програмирање, студентите во PHP модулот учат и објектно-ориентирано програмирање (ООП) што е круцијално за користење на било кој модерен фрејмворк. Откако ќе совладаат PHP, студентите преминуваат на учење на JavaScript. Како последен модул од програмата, студентите совладуваат и Laravel, The PHP Framework For Web Artisans. Покрај модулите, со различните активности студентите стекнуваат тимски дух на работа поради заедничката работа на проекти и развиваат и soft skills, покрај техничките. 

Да! По презентацијата на завршниот проект, ќе добиете потпишан сертификат за успешно комплетирање на Академијата за Full Stack програмирање на Brainster. Илјадници алумни во Brainster го користат својот сертификат за да демонстрираат вештини на потенцијалните работодавци – вклучувајќи ги и нашите партнери за вработување. Академијата за Full Stack програмирање на Brainster е прифатена, признаена и добро ценета од многу врвни работодавци, кои придонесуваат за нашата наставна програма и соработуваат со нас за да ги обучуваат своите сегашни или идни практиканти и вработени.

Услови за добивање сертификат:

  • Присуство на најмалку 85% од активностите во рамки на програмата (предавања, работилници, менторски сесии)
  • Сите предизвици и проекти да бидат изработени на време
  • Презентација на завршен проект.

Оваа Академија е за тебе ако си амбициозна и љубопитна личност која има пасија за учење и сака да започне или да напредува уште повеќе во кариерата во tech светот, како Full Stack програмер. За да се запишеш на Академијата не ти е потребно предзнаење. Нашата предпрограма им ги овозможува на студентите потребните предзнаења за успешен старт на програмата и превенира голем дел од потешкотиите кои потенцијално би се појавиле за време на учењето понатаму.

Со пополнување на формуларот за апликација, влегуваш во нашата база на апликанти со останатите потенцијални студенти. Во рок од 24 часа, очекувај повик од член на нашиот тим за да договорите датум и време за online средба со Student Success Менаџерот на Академијата.

По средбата или интервјуто Student Success Менаџерот има состанок со тимот од Академијата и ги претставува кандидатите кои аплицираат т.е. нивната позадина, слободно време за академијата, желба за посветеност, кариерни аспирации, mindset и причини зошто се одлучиле за full stack програмирање. Ова го правиме со цел да ги препознаеме студентите кои се „doers“ што ќе го прифаќаат нашиот „no-bullshit approach”. Убедени сме дека луѓето со љубопитен ум и посветеност се најдобрите кандидати за оваа Академија.

Академијата трае една година и е со навистина интензивна програма составена од 2 предавања, 1 работилница и 1 менторска сесија неделно. Предавањата се во времетраење од 2 саати, секогаш попладне, во комбинација понеделник/среда или вторник/четврток. Работилницата е во сабота или недела, од 10:00 до 15:00 ч. Менторската сесија е во времетраење од 1 саат, во работен ден во кој групата нема предавање. Сите активности во рамки на програмата се online, на zoom. Покрај активностите по распоред, нагласуваме дека е неопходно и дополнително учење, вежбање, решавање на задачи отприлика 20тина саати неделно доколку студентот цели да совлада максимум од она што се учи на Академијата.

Освен желба за учење и работа, предзнање не е неопходно. Со многу помош од страна на тимот на инструктори и труд и посветеност од страна на студентот, успехот е неминовен.

Како дел од активностите на Академијата е и Hiring & Learning програмата, што значи соработка со компании кои често нудат и можност за вработување. Нашиот Hiring Тим ќе се потруди да те поврзе со нашите партнери и да обезбедиме можност за пракса или вработување пред или по завршувањето на Академијата

Цената на Академијата за Full Stack програмирање e 2100 евра, со можност за плаќање на 20 рати без камата.

Водејќи се од примери од интернационални престижни универзитети и академии, предавањата ќе се одвиваат целосно online. Безбедноста и здравјето на студентите и инструкторите ни е секогаш на прво место.

Сите предавања и менторски сесии на академијата се одвиваат попладне, односно по 17:00 во работни денови, а работилниците се во сабота или во недела, наутро, од 10:00 до 15:00.

 За нас:

Brainster e компанија за едукација која комбинира податоци, врвен наставен план, експертиза и ефективна стратегија за учење вештини како Data Science, програмирање, маркетинг, дизајн и Software Testing.